Потребни документи за пријавување на возачки испит

За категорија / поткатегорија:

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија А

  • Пријава за полагање на возачкиот испит 
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „А“ категорија
  • Лекарско уверение (за „А“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Важечка лична карта за увид на исполнетоста на условот за 
     возраста ( наполнети 18 год. )
  • Доколку кандидатот поседувa возачка дозвола за управување на возила од повисока категорија, се полага само практичен дел од возачкиот испит и во тој случај потребена е фотокопија од возачката дозвола заверена на нотар
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за поткатегорија А1

поткатегорија А1

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија Б

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Б“ категорија
  • Лекарско уверение не постаро од осумнаесет месеци
  • Потврда за положен испит по прва помош
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Важечка лична карта зa увид
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија Б+Е

категорија Б+Е

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија Ц

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Ц“ категорија
  • Лекарско уверение (за „Ц“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Доказ дека кандидатот поседува возачка дозвола за управување со возила од „Б“ категорија најмалку една година (фотокопија од возачката дoзвола заверена на нотар)
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија Ц+Е

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Ц+Е“ категорија
  • Лекарско уверение (за „Ц+Е“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Доказ дека кандидатот поседува возачка дозвола за управување со возила
  • од „Ц“ категорија најмалку една година (фотокопија од возачката дoзволa заверена на нотар)
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за поткатегорија Ц1

поткатегорија Ц1

Потребни документи за пријавување на возачки испит за поткатегорија Ц1+Е

поткатегорија Ц1+Е

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија Д

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Д“ категорија
  • Лекарско уверение (за „Д“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Доказ дека кандидатот поседува возачка дозвола за управување со возила од „Ц“ категорија најмалку две години (фотокопија од возачката дозвoла заверена на нотар)
  • Важечка лична карта за увид на исполнетоста на условот за возраста (наполнети 21 год.)
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за категорија Д+Е

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Д+Е“ категорија
  • Лекарско уверение (за „Д+Е“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Доказ дека кандидатот поседува возачка дозвола за управување со возила од „Д“ категорија најмалку една година (фотокопија од возачката дoзвола заверена на нотар)
  • Важечка лична карта зa увид на исполнетоста на условот за возраста (наполнети 21 год.)
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за поткатегорија Д1

поткатегорија Д1

Потребни документи за пријавување на возачки испит за поткатегорија Д1+Е

поткатегорија Д1+Е

Потребни документи за пријавување на возачки испит за национална категорија Ф

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Ф“ категорија
  • Лекарско уверение (за „Ф“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Потврда за положен испит по прва помош
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Важечка лична карта зa увид на исполнетоста на условот за возраста (наполнети 16 год.)
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за национална категорија Г

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Потврда за завршена обука за кандидат за возач од „Г“ категорија
  • Лекарско уверение (за „Г“ категорија) не постаро од осумнаесет месеци
  • Потврда за положен испит по прва помош
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Важечка лична карта зa увид на исполнетоста на условот за возраста (наполнети 16 год.)
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи за пријавување на возачки испит за национална категорија М

  • Пријава за Полагање на Возачкиот Испит
  • Лекарско уверение (за „М“ кат.)  не постаро од осумнаесет месеци ако лицето е постаро од 18 години или изјава на лицето или негов родител односно старател заверена на нотар, ако лицето не наполнило 18 години
  • Важечка лична карта или друг документ со слика за идентификација за увид на исполнетоста на условот за возраста и тоа:
    • наполнети 16 год. за управување со мотокултиватор, лесен трицикли лесен четирицикл
    • наполнети 14 год. за управување со велосипед со мотор 
  • Извод од матична книга на родени
  • Доказ за уплатени трошоци за полагање на возачкиот испит

Потребни документи и услови за пријавување на возачки испит за категорија Б-16

  • Пријава за полагање на возачкиот испит
  • Да наполнил 16 години возраст
  • Да поседува лична карта
  • Согласност од двајцата родители, законски застапник или старател заверена на нотар
  • Да има одличен успех и примерно поведение во последната завршена учебна година
  • Писмена согласност од психологот и педагогот во училиштето заверена на нотар